fbpx

Заев со амбасадорите: Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со неговата заменичка Радмила Шекеринска, денеска имал средба со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија во земјава, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стефансон и Ваутер Пломп.

На средбата, како што соопштуваат од партијата, била изразена загриженост од кочењето на демократските процеси во Македонија, по изборите на 11 декември.

Лидерот на СДСМ пред амбасадорите истакнал дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, „предизвикува уставна криза и остава простор на Никола Груевски за провокации и за насилство за да спречи мирен трансфер на власта што ја изгуби“.

– Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот за формирање нова влада во Р.Македонија, во интерес на граѓаните и на државата – рекол Заев.

На средбата било оценето дека е неопходно демократските процеси во Македонија да продолжат „за да се формира новата реформска влада“.

– Не смее да трпат последици државата и граѓаните само затоа што Никола Груевски ја изгуби власта и се плаши од соочување со одговорност за несовесното владеење. Нови избори би значеле само продлабочување на кризата. Ништо од тоа што лаже власта во заминување преку пропагандата не е точно. Ние сме определени кон унитарна Република Македонија, тоа е поддржано и од партиите со кои го обезбедивме парламентарното мнозинство. Ја имаме веќе основата на новата владина програма, за што ќе се разговара во процесот на формирање влада. Таа е поставена на реформи, нови работни места, квалитетно здравство, образование, правда, враќање на парите кон граѓаните и евро-атлантски развој на Македонија преку заедништво, а не на поделби – истакнал Заев, стои во соопштението на СДСМ за средбата.

На состанокот биле „изразени очекувања за зрелост од сите страни за Македонија и граѓаните што побргу да ја добијат новата влада, на мирен начин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...