fbpx

Заев се сретна со Хан

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар, Оливер Спасовски, и претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска во седиштето на СДСМ се сретна со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Тема на разговорот беше актуелната политичка ситуација во Република Македонија и загрозените демократски процеси во државата.

– Скандалот со прислушувањето на 20.000 граѓани, упадот на власта во функционирањето на Јавното обвинителство, на судовите, местењето обвинителско-судски процеси, се само мал дел од доказите што ги поседуваме за урнисувањето на уставниот поредок на Република Македонија од страна на Никола Груевски и на неколкумина негови соработници – рекол Заев.

Претседателот на СДСМ најави дека Социјалдемократскиот сојуз има законска и морална обврска вистината за Македонија да ја сподели со граѓаните и тоа ќе го стори, во насока и со единствена цел – враќање на уставниот поредок во Македонија, на слободата и демократијата и нормализација на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...