fbpx

Заев: Се надеваме на решение за името до јули, по што ќе станеме членка на НАТО

-

Македонија се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ, пренесува „Ројтерс“.

– Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули – рече Заев.

Премиерот нагласува дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, доколку се пронајде решение за спорот.

– Имаме автоматска покана, што значи дека членките на НАТО ќе почнат со ратификација на нашето пристапување, откако ние и Грција ќе најавиме дека спорот е решен – додаде Заев.

Самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...