fbpx

Заев: СДСМ не е за фиксирани избори, туку за условен датум

-

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, на денешната дебата што ја организираше „Цивил“, рече дека партиите имаат билатерални средби и разговори со претставниците на меѓународната заедница, но дека преговори меѓу четирите најголеми партии нема. Тој рече дека избори на 5 јуни нема да има, но и дека СДСМ не сака нов фиксен датум за избори, туку се залагаат за условен датум.

– Фиксниот датум се покажа како грешка и не треба да има фиксен датум за избори. Но, истовремено ако не се стави датум, тоа ќе значи редовни избори во 2018 година. Ако се одреди условен датум за избори во октомври, а ако, на пример, некој од роковите за реформи се пробие за две недели, ќе треба да се одложат и изборите за две недели – објасни Заев.

Лидерот на СДСМ истакна и дека не е добро да се формира експертска влада, туку дека партиите треба да се вратат на Договорот од Пржино.

Според Заев, парламентот може да се свика во секој момент, со тоа што најмалку пет членови на Државната изборна комисија ќе поднесат писмо до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и ќе кажат дека нема прочистен список и услови за фер избори.

Заев рече дека постојат неколку начини за да се реши проблемот што настана со аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов. Според него, аболицијата може да се повлече со повикување на членови од Законот за управна постапка или, пак, со тоа што Собранието ќе вметне нов член во постојниот закон.

– Аболицијата е правосилна за Никола Груевски. Аболицијата не е правосилна за Заев и за Верушевски. Ние навреме ја обжаливме и таа е пред Апелацискиот суд и пред Судот во Стразбур – истакна Заев.

На дебатата присуствуваа десетици политички партии и движења, но немаше претставници од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и од ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...