fbpx

Заев – Ривлин: Можност за интензивирање на безбедносната и на економската соработка

-

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска, за време на официјалната посета во Израел, се сретна со израелскиот претседател Руевен Ривлин. На средбата се разговарало за можностите за интензивирање на соработката, соопшти владината прес-служба.

– Владата е насочена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните и мотивација младите да останат да работат и да живеат во родната земја. Интеграциите во ЕУ и во НАТО и продлабочувањето на односите со пријателските држави, како со Израел, многу ќе придонесат за тоа – рекол Заев.

Премиерот додал дека Владата ќе ги земе предвид искуствата на Израел на безбедносен и на економски план, а двајцата соговорници договориле чекори за економско поврзување на двете земји.

Во владиното соопштение се вели дека израелскиот претседател Ривлин ги поздравил демократските промени во Македонија и реформските определби на новата влада, кои отвораат можности за односите меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...