fbpx

Заев: Реформата во судството мора да е прва затоа што е најзначајна

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната трибина „Кои треба да бидат итните реформи штo новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?“ со невладиниот сектор, рече дека неговата партија во моментов развива стратегија за она што би реализирале во првите шест месеци.

Заев рече дека СДСМ верува дека предност треба да им се даде на домашните компании и тие да се помогнат. Лидерот на партијата вели дека дека Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, имал многу добра економска мерка со која три години малите претпријатија ги ослободил од плаќање данок.

Заев додаде и дека неговата партија смета дека е неопходно да се оформи специјален суд или одделение за да може да се врати довербата во судството.

– Ние сме за специјален суд или за специјално одделение кое ќе ја распламти оваа искра надеж на правда, на правна држава, на враќање на правната држава, односно СЈО, искра надеж што ја создадовме јас, Груевски, Ахмети и Тачи. Верувавме во тоа, дадовме збор. Е сега, власта е на мегдан зашто е власт. Можеби утре ние ќе бидеме на мегдан, не знам, но законот мора да биде еднаков за сите. Ако нема кој да биде тој што ќе му го држи стравот на политичарот, без разлика дали ќе работи во извршна власт, во парламентот, во локална самоуправа или каде било, ништо не правиме во нашето општество. Првата најзначајна реформа мора да биде во судството и тоа е најважно – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...