fbpx

Заев: Референдумот за името не е ништо трагично, страшно или невозможно

-

По изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети викендов, дека е најдобро решението за спорот за името до кое ќе дојдат државните врвови на Македонија и Грција да се реши како во случајот со Договорот со Бугарија, односно да се гласа во Собранието и да не се распишува референдум, премиерот Зоран Заев по денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ изјави дека ставот на СДСМ е дека сепак треба да има референдум.

– Јас на таа работа не гледам како на кочница. Гледам како на дополнителна гаранција за
Грција дека решението е трајно и останува за век и веков. Тоа не е толку страшно или трагично или невозможно, бидејќи референдумите се спроведуваат по закон и по брза постапка – рече премиерот и претседател на СДСМ.

Тој порача дека пред тоа изјаснување, политичарите треба да ги соопштат своите ставови, за да му помогнат на народот да реши.

–  Ако застанеме сите пред граѓаните, мислам пред се на политичарите, и ги соопштиме своите ставови, ќе му помогнеме на нашиот народ. Треба да знаеме дека можеме да го решиме проблемот – рече Заев, додавајќи дека иако власта ја има најголемата одговорност, важни се и одлуките на политичарите.

Премиерот и претседател на СДСМ изјави и оти е убеден дека претседателот на државата и опозицијата, заедно со сите други политички чинители, ќе покажат мудрост и ќе се изнајде решение кое ќе го сочува достоинството на нашата земја, додавајќи дека е исто така важно да се внимава и за грчката страна, односно тоа што ќе се договори, да биде прифатливо и за нив.

Заев рече дека на координативниот состанок на државно-политичкиот врв во саботата била изградена стратегија и дека тој презентирал како во иднина ќе настапиме како држава во преговорите за решавање на спорот за името. Притоа, тој повтори оти верува дека е можно да се изнајде национален консензус за решавање на овој проблем, а не решението да се блокира, оти, како што рече, сега е вистински момент да се реши спорот со Грција.

Прашан што очекува од доаѓањето на посредникот Метју Нимиц, премиерот не сакаше да коментира, но рече дека на средбите ќе ги каже нашите ставови и аргументи. Притоа повтори дека треба да се внимава и на грчката страна, бидејќи и на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во средата во Давос исто така бил известен дека и таму се прават напори тоа што ќе биде договорено да биде прифатливо и за македонската страна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...