fbpx

Заев: Референдумот е процес за кој државата треба да донесе усогласена одлука

-

Премиерот Зоран Заев се надева дека никој во ЕУ, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон, нема да остане рамнодушен на решението на спорот со Грција, и следната недела земјава ќе добие датум за почеток на преговорите.

– Знам дека вчера холандскиот Парламент донесе позитивна одлука за нашата земја. Се надевам дека и Франција и другите земји ако имаат резерва, ќе го направат преломот заради тоа што реформи се прават и во ЕУ, но можат паралелно да се прават додека Македонија преговара за членство. Поглавјата и преговорите ќе траат со години, а унапредувајќи се како држава Македонија може да помогне и во унапредувањето на Европа паралелно терајќи ги преговарачките процеси. Јас се надевам дека ќе омекне и срцето на претседателот на Франција, Макрон, ги разбирам внатрешните дебати кои се отвораат во Франција, но Франција е наш голем пријател – додаде Заев.

Премиерот изјави дека референдумот за промената на името е исклучително важно прашање и дека за тој процес државата треба да донесе заедничка одлука.

-Сите имаат право на дебата, државата треба заеднички да донесе одлука и обидите треба да ги правиме заедно усогласувајќи се со коалициските партнери во однос на едно вакво исклучително важно прашање како референдумското. Се согласувам со опозицијата дека референдумот треба да биде задолжителен, а заедно треба да утврдиме дали ќе биде консултативен или обврзувачки- изјави Заев на одбележувањето на почетокот на градбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Рече дека ова се историски чекори и решенија.

– Убеден сум дека Македонија ќе смогне сили и мудрост и за решенијата, но мудрост и сила да застанеме заедно по вака важни прашања кои навистина отвораат блескава перспектива за генерациите денес и генерациите кои доаѓаат после нас – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија е втора најзагадена држава во Европа, според годишниот извештај на IQAir

Само седум земји го исполнуваат меѓународниот стандард за квалитет на воздухот, при што смртоносното загадување на воздухот на места се влошува поради враќањето на економската активност и токсичното влијание...