fbpx

Заев: Промената на Уставот не е неопходна оти не би значела конечна гаранција

-

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Фајненшл тајмс“ оценува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение за спорот за името и дека ова прашање би можело да биде затворено пред самитот на НАТО во Брисел во јули годинава.

– Јас сум оптимист. Многу е тешко, и свесни сме за тоа. Но, би било добро за двете страни да најдеме решение што е можно побрзо – вели Заев.

Македонскиот премиер го повторува ставот дека не е неопходна промена на Уставот на земјава, на што изминатиов период инсистира Грција, бидејќи, како што додава, неговата промена, не би значела конечна гаранција.

– Сега новото барање од Грција е дека треба да направиме промена на нашиот Устав. Но, Уставот е само книга со домашни правила и нема никакви импликации надвор од земјата. Во секој случај промената на Уставот не би значела конечна гаранција, бидејќи некоја следна влада во иднина би можела повторно да го промени Уставот – вели Заев.

Во врска со имињата што се споменуваат во јавноста како предлози на медијаторот Метју Нимиц – Република Македонија (Скопје), Северна Македонија, Горна Македонија, Вардарска Македонија и Нова Македонија – Заев истакнува дека Нова Македонија е неприфатливо име, бидејќи нема географска одредница, но оти може да се преговара за другите четири имиња.

Премиерот во интервјуто оценува дека Македонија треба да се интегрира во НАТО без разлика на руското противење за ширењето на Алијансата.

– Русија нема ништо против нашата интеграција во ЕУ, но не гледа толку позитивно на нашата интеграција во НАТО. Имаме добри односи со Русија. Тие треба да бидат свесни дека нема друга алтернатива за нашата земја освен интеграција во ЕУ и НАТО – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...