fbpx

Заев – Прека: Поддршка за отворање на конзулат во Малта

-

Во рамките на официјалната посета на Малта, премиерот Зоран Заев утрово се сретна со претседателката Марија Прека на која разговарале за зајакнување на економските релации, но и за можноста Македонија да овозможи конзуларни услуги во земјата.

Заев на средбата истакнал дека македонското стопанство е подготвено да го зајакне присуството на Малта преку интензивирање на соработката на стопанските комори на двете земји.

„Од страна на претседателката Прека, е изразена поддршка околу идејата за отварање на конзуларно претставништво на Македонија во Малта имајќи го предвид зголемениот број на македонски граѓани кои работат во Малта“, информираат од кабинетот на Заев.

Заев на средбите беше придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, како и вршител на должноста во амбасадата на Македонија во Италија, Магдалена Димовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...