fbpx

Заев: Правда во Македонија ќе има, да не се делиме по етничка основа

-

На предизборниот митинг во Кичево, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, вечерва најави подобри времиња и поубав живот за сите во земјава.

– Во декември лани сите сплотени одржавме лекција на цел свет. Соборивме режим со пенкало и со глас. Ние немаме предрасуди, шарени сме во коалицијата, нè има од сите етнички заедници затоа што оваа наша земја е на сите, заедничка – рече Заев и најави дека во иднина парите нема како досега да се трошат само во главниот град, туку ќе се распределуват низ целата земја.

Тој рече дека Владата за само неколку месеци заштедила 45 милиони евра од кои 8 во РЕК Битола, кои биле заштедени на име пониски услуги за тендери и дека овие пари ќе им бидат вратени на граѓаните во вид на поевтина електрична струја од 14 до 16 часот, која ќе ја компензира државата од овие заштеди, како и ослободување од радиодифузната такса, бидејќи граѓаните преку данокот го полнат буџетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.