fbpx

Заев: Прагот за прогресивниот данок е одбран внимателно, нема да отстапиме

-

Премиерот Зоран Заев, во однос на прогресивниот данок, денеска рече дека Владата нема да отстапи, бидејќи еднаш веќе направиле отстапки.

– Ние ја направивме нашата отстапка. Од 1.000 евра отстапивме на 1.500 евра. Уште еднаш напоменувам, имаме работно-активни или приматели на приход помеѓу 900.000 и еден милион граѓани. Се работи за еден процент на граѓаните. Околу 9.000 граѓани, ќе потпаднат под новиот праведен данок. Тоа, значи дека секој, кој што има приход месечен над 90.000 денари, за тоа што е над 90.000 денари ќе треба прв пат да плати осум проценти. Односно, ако има нето-приход од 100.000 денари, за 10.000 денари треба да плати осум проценти или 800 денари. Дај боже, сите да имаме во државата, приход поголем од 90.000 денари. Мојот приход е 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската плата, над претседателската плата, веројатно во државата, над пратеничката плата итн – одговори  Заев на новинарско прашање и додаде дека ќе се акумулираат средства во висина од 25 милиони евра.

Тој додаде дека младите луѓе како на пример информатичари, архитекти, градежници сè уште не земаат плата над 90.000 денари.

-Дај боже, во иднина да земаат над 90.000 денари. Да ја отвориме таа спирала до крај, за да се покачат платите. Навистина, се работи за праг, многу внимателно одмерен – објасни Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...