fbpx

Заев: Постигнатиот договор е излез од политичката криза

-

Постигнатиот договор е поволен зошто е излез од политичката криза и обезбедува чекори за исполнување два услова – прочистување на избирачкиот список и минимум регулација на медиумите, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Струмица.

– Со овие две фази очекуваме избалансирано известување на медиумите, очекуваме почитување на професионалните стандарди, етичките кодекси, а не ширење омраза од страна на медиумите во Република Македонија, со конечна цел – да дадат подобро изразување на слободната волја на граѓаните. Истовремено, процесот што треба да го заврши ДИК во наредните 30-тина дена, а на крајот ќе го констатираме ние лидерите на четирите партии, треба да го предочи конечниот избирачки список за наредните парламентарни избори. Тоа е веќе нешто ново, нешто фер, целосно се отстранува можноста да се злоупотребат евентуално гласачи во избирачкиот процес, а тоа дополнително ја гарантира слободно изразената волја на граѓаните – вели Заев.

Заев додава дека СДСМ за време на целиот период се обидува да стави крај на историската голгота и на застрашувачката деструкција на виталните државни и национални интереси од страна на Никола Груевски и на неколкумина околу него.

Лидерот на СДСМ вели дека наскоро во Македонија ќе се случат слободни и демократски избори на кои граѓаните ќе го покажат патот по којшто ќе се движи државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...