fbpx

Заев: Посетата на Брисел е можност да ѝ дадеме причина на ЕУ да се фокусира на Македонија

-

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека утрешната вечера со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и со премиерите од Западен Балкан е одлична можност да се видат сите, но и за да се поразговара за европската перспектива на Македонија.

– Можност да објасниме колку многу ќе работиме на реформите за да им дадеме причина да се фокусираат кон целиот регион, па и кон нашата Македонија. Македонија ја чека Европската Унија, сакаме и полнoправно членство во НАТО и веруваме дека овие примарни цели на нашите граѓани ќе бидат истовремено сериозно поддржани од нашите европски партнери – изјави Заев за „ТВ24“, кој во Брисел е повикан како „определен премиер“, бидејќи има мандат да формира влада.

Во однос на преговорите за формирање влада, тој изрази надеж дека деновиве ќе завршат и дека до крајот на неделава ќе има и нова влада.

– За мене и за мојата земја е голема чест што сум мандатар. Реално и извесно е дека ќе ја формираме владата. Ние се надеваме дека зад таа влада ќе стојат најмалку 67 пратеници заради сигурноста на мандатите кои ни требаат, пред сè поради реформскиот процес. Правиме напори тоа да биде ден поскоро. Се надеваме до крајот на оваа недела да ги финишираме преговорите, четврток, петок, сабота бидејќи деновите ни се броени. Реков дека ќе ни требат десетина дена и отприлика сите што преговараме, си презедовме обврска тие да не траат повеќе од десетина дена – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...