fbpx

Заев: Полицаецу со тебе се гордее цела Македонија

-

„Драг полицаецу, во оваа наша земја, огромен е бројот на луѓето во кои живее по еден човек. Само малкумина од врхушката на власта го имаат убиено човекот во себе. Ти си тој од кој денеска излезе на виделина најголемиот човек со големо „Ч“, човек со големо срце и душа, чесен човек со сите човечки особености и доблести. Ти што имаш свое име и презиме, денеска се викаш човек, херој и родољуб. Биди горд на себе, како што со тебе се гордее цела Македонија“.

Ова денеска на својот прфил на социјалната мрежа „Фејсбук“ го објави Зоран Заев, лидерот на опозицијата.

Текстот на профилот на Заев се однесува на полицаецот кој за време на протестите пред Владата, наводно, преминал на страната на демонстрантите.

Медиумите јавија дека тој се викал Добре, во еден момент го симнал панцирот и рекол „давам отказ“.

Лидерот на опозицијата на својот профил напиша дека без оглед дали полицаецот ќе биде казнет, суспендиран или отпуштен од работа, нека биде сигурен дека заслуженото место повторно ќе го чека, но во полиција која ќе го брани народот.

„Ти денеска го направи најголемиот, најхуманиот и највозвишениот потег што може некој да го направи, потег кој ја воскреснува надежта за подобро утре на нашата татковина. Не грижи се, нема да бидеш осамен со твојата човечност. Убеден сум дека твојот пример ќе го следат многумина и од полицијата и од администрацијата, затоа што голем е бројот на оние кои со чиста душа си ја сакаат Македонија и кои со своја глава размислуваат за својата иднина и за иднината на своите деца. Изброени се деновите на оваа режимската власт. Токму затоа, немаш причина да стравуваш за твојата иднина. Ти, веројатно, добро знаеш кои се и какви се оние од врвот на МВР, оние на кои си им служел. Без разлика дали ќе бидеш казнет, суспендиран или отпуштен од работа, биди сигурен дека твоето заслужено место повторно ќе те чека, но во полиција која ќе го брани народот, а не во полиција која се крева против народот. Ти благодарам полицаецу, ти благодари цела Република Македонија“, напиша Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...