fbpx

Заев: Подготвени сме за соработка за земјите од регионот да станат членки на НАТО

-

Со нашето присуство на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, велиме дека сме подготвени да соработуваме во интерес на граѓаните на нашите држави и низ интеграциските процеси да го донесеме регионот до големото семејство на НАТО, изјави премерот Зоран Заев на воведното обраќање на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој Македонија претседава и е кодомаќин со Црна Гора.

Тој рече дека членството на Црна Гора во НАТО е охрабрувачка порака на Алијансата дека вратите се отворени за сите што ќе се издигнат над сопствените предизвици и ќе покажат дека можат да придонесуваат за колективните потреби и за сопствените граѓани.

– Изразувам верба и подготвеност за акција, за Македонија да биде 30. членка на НАТО. Интеграциите во НАТО и во Европската Унија се стратешки цели за нашата држава. Новата влада, ќе се обврзам и на овој форум, е одлучена да биде локомотивата на возот кон овие две организации, за да го осигуриме добриот живот на нашите граѓан и иднината на своите деца. За да ги забрзаме интеграциите во ЕУ и во НАТО, го почнавме планот „3-6-9“ за реформските приоритети, што водат кон професионални и независни институции, демократизација на целото општество, а со тоа и кон квалитетен живот за сите граѓани – изјави Заев.

Тој најави дека Македонија ќе го зголеми буџетот за одбрана и ќе го зголеми учеството во мисиите на НАТО, а ќе се интензивираат односите со земјите членки на Јадранската повелба.

Премиерот додаде дека со присуството на високиот претставник на Соединетите Американски Држави, се покажува дека таа држава е верен, стратешки партнер на Македонија и на регионот.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, изјави дека идината на Западниот Балкан е на Запад.

– Влезот на Црна Гора во НАТО е историски успех и ја покажува силата на оваа земја само десет години по обновата на независноста. НАТО се состои од големи и од мали држави, но САД немаат мали сојузници и ние го цениме нашето ново сојузништво во НАТО – изјави Пенс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...