fbpx

Заев: Победата е израз на слободната волја на граѓаните

-

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на прославата пред Владата за успехот во првиот круг на локалните избори на граѓаните „им ја честиташе слободата“. Тој рече дека имале предизвик да организираат слободни избори и резултат на тоа вечерва е изразот на слободната волјата на граѓаните.

– Сакам да им честитам на сите граѓани. Со слободно изразената волја, народот ја испрати пораката и поддршката за новата политика на владата, едно општество за сите, пораст и развој на економијата – рече Заев.

Тој пред присутните граѓани рече дека СДСМ и коалицијата победиле во првиот круг во Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Шуто Оризари, Зелениково, Арачиново, Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Пехчево, Делчево, Берово, Конче, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Струмица, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Лозово, Велес, Прилеп,  Битола, Ресен, Охрид, Дебарца, Вевчани, Кривогаштани, Крушево, Ростуше и во Јагуновце.

Заев рече дека тесни биле резултатите во Кисела Вода, Бутел и во Гази Баба.

– За Градот Скопје, ако продолжи трендот, ќе имаме победа во првиот круг – рече Заев.

Премиерот на идните градоначалници им порача дека ерата на локални шерифи заврши и дека од нив бара чесна работа и одговорност.

Им порача да го слушаат народот „затоа што тој знае што е исправно и приоритет“.

– Апелирам на чесност, на посветеност и на одговорност. Барам одговорна локална и централна власт. Радоста е голема, но одговорноста е огромна – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...