fbpx

Заев: По Самитот на НАТО ќе падне договор за прашањето и датумот за референдумот

-

По НАТО самитот, сите партии во Собранието ќе ги договорат датумот за референдумот, како и референдумското прашање и карактерот на референдумот, вели македонскиот премиер Зоран Заев за грчката новинска агенција АНА-МПА, наведувајќи ги како можни датуми за одржување на народното изјаснување 23 и 30 септември или 7 октомври. Тој вели и дека уставните измени би се направиле за 90 до 110 дена од сега.

– По самитот на НАТО, ќе имаме средба во Собранието, сите политички партии за да ги дефинираме датумот на референдумот, деталите на референдумското прашање и карактерот на референдумот – вели Заев, појаснувајќи дека и да се одржи референдумот на 7 октомври, ќе има доволно време до крајот на годината да се финализира процесот што Макадонија мора да го заврши според Договорот со Грција.

– Потоа, по референдумот, се надеваме дека сите ќе бидат доволно мотивирани да придонесат за референдумскиот процес – вели Заев.

Македонскиот премиер во изјавата за АНА-МПА нагласува дека ако целиот процес во Македонија е успешен, ќе остане обврската на Грција, односно на грчкиот парламент, најдоцна до 15 јануари 2019 година „да го ратификува Договорот, но исто така да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО“.

Инаку, вчера на самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон, кој е продолжение на Берлинскиот процес, Заев повтори дека решението што го постигнале владите на двете држави е достоинстевено и прифатливо за двете страни.

– Со премиерот Ципрас избравме да оставиме решенија како траги зад нас. Решенија за нашите граѓани и  за нашите општества, а не за нас, и за нашите политички партии. Такви се лидерите на Европа. Што ќе беше Европа денеска ако не беа лидерите кои на политичката сцена излегуваа траги за паметење, траги заради кои ние денеска ги уживаме плодовите на нивното визионерство? Што ќе беше Европа денес ако на политичката сцена излегуваа самобендисани и самодоволни, кусогледи политичари, без визија?“, нагласи премиерот Заев, и изрази благодарност за континуираната поддршка што на овој процес му ја даваа лидерите на земјите членки на ЕУ, поддршката на лидерите на ЕУ, и за поддршката на лидерите на нашите соседи и пријатели од Западен Балкан – вели Заев во изјавата од Лондон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...