fbpx

Заев: По 29 јануари, мандатот ќе биде во наши раце

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави дека како што „истекува рокот од мандатот на Никола Груевски за формирање влада“, тој и неговата партија ќе излезат со своја платформа и со став по прашањата за состав на новата влада.

Заев рече дека очекува Груевски да соопшти дека не може да состави влада и тој и СДСМ да го добијат мандатот за нејзино формирање.

– Навлегувајќи во крајните денови од мандатот на Груевски за составување влада, кој истекува на 29 јануари, веројатно ќе бидеме принудени да ги соопштиме своите позиции околу овие прашања. Јас искрено верувам дека по 29 јануари мандатот ќе биде во наши раце заради сите аргументи што ѝ се познати на целата јавност – рече Заев, посочувајќи дека досега не се изјасниле во врска со овие прашања бидејќи мандатот бил даден на Груевски и тој треба да каже каков е исходот.

На новинарското прашање зошто досега не ја коментирале платформата на албанските партии, Заев рече дека ќе се изјаснат и по тоа прашање.

– Имаме и тоа како што да искоментираме за платформата и ќе излеземе со свој став во наредните денови, како што наближува крајот на мандатот на Груевски за состав на влада. Албанските партии ја објавија платформата со конкретна цел – за мандаторот Груевски да ја слушне – додаде Заев.

Тој потврди дека освен со Ахмети, изминатиот период имал разговори околу политичката состојба и со претставници на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците.

Прашан за коментарите во јавноста дека претседателот Ѓорге Иванов може да му го даде мандатот повторно на друг претставник на ВМРО-ДПМНЕ, Заев изјави дека го почитуваат Уставот кој е јасен и кој, како што рече, пропишува дека Иванов мандатот треба да го даде на партијата или партиите што ќе потврдат дека ќе можат да формираат влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...