!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Заев планира посета на Атина на почетокот на 2018 година


       
Атина, 6 декември, 2017 - 22:08 (META) 

Премиерот Зоран Заев, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, најави дека на почетокот на следната година планира да ја посети Атина.

Тој рече дека во тој период ја планирал посетата на Атина за да се сретне со премиерот Алексис Ципрас, министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, но и со грчки пратеници.

Заев во интервјуто вели дека за државата не постои друга алтернатива од влез во ЕУ и во НАТО и поради тоа, изминатите шест месеци, владата ги подобрила односите и со соседите и со земјите од НАТО и од Европската Унија.