fbpx

Заев – Пацоли: Како две нови влади, имаме потенцијал за исчекор кон НАТО и кон ЕУ

-

Владата е определена Македонија да гради добри односи со Република Косово, како и со сите соседи и со тоа активно да придонесе за иднината на целиот регион на Западен Балкан, во Европската Унија и во НАТО, истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, кој е во еднодневна работна посета на Македонија.

– Имаме потенцијал, како две нови влади коишто мислат добро за своите граѓани и за своите држави, да направиме исчекори во евроинтеграциските процеси – оценил Заев.

На средбата, како што соопштуваат од владината прес-служба, заеднички било констатирано дека Република Македонија и Република Косово немаат отворени билатерални прашања, што отвора големи можности за унапредување на односите помеѓу двете држави.

Било разговарано за конкретни области во кои ќе се интензивира соработката помеѓу Македонија и Косово, како економијата, енергетиката, инфраструктурата, царински олеснувања и поедноставен протек на луѓе и на стока.

Договорено е владите на Македонија и на Косово да ги поттикнат бизнис-заедниците и коморите за поцврста и поактивна соработка, како и почесто да се реализираат средби на високо владино ниво.

Пацоли на средбата истакнал дека Косово ги поддржува НАТО-интеграциите на Македонија што ќе придонесат за зацврстување на безбедноста и ќе влијаат на перспективите за целиот регион, а изразил и отвореност за примена на искуства од Македонија во интеграциите во Европската Унија.

На средбата се разговарало и за можноста за реализација на средба на највисоко премиерско ниво, односно за средба меѓу премиерот Заев и косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...