fbpx

Заев: Оптимист сум околу постапката за избор на специјален јавен обвинител

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изрази оптимизам дека на почетокот од наредната недела преговарачките тимови на политичките партии ќе ги усогласат ставовите околу законот за јавниот обвинител, кој треба конечно да влезе во собраниска процедура и да се изгласа најдоцна до 15 септември, рок предвиден со Договорот од Пржино.

Според Заев, во преговарачките тимови постојат концептуални разлики околу институцијата специјален јавен обвинител.

– Концептуалните разлики се, во суштина, околу тоа дали ќе биде специјален јавен обвинител или ќе биде специјално јавно обвинителство. Во Македонија постои јавен обвинител, постои виш јавен обвинител, постои обвинител за организиран криминал, но, во суштина, станува збор за повеќе од 300 јавни обвинители. Јавен обвнител значи служба, таа служба мора да има заменици, така што специјалниот обвинител ќе носи одлуки, но тој мора да работи со некого, не може да биде сам. Тоа е нашиот став, а ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да е еден човек. Сега, нека процени експертската јавност дали со еден човек може да се сработат сите докази што ги поседуваме – изјави Заев.

Тој додаде дека одлуката на судот да ги оспори доказите од „бомбите“ како доказен материјал нема да влијае на работата на специјалниот обвинител.

– Не може без да биде издадено решение за почната истрага, да има странка во постапка, која ја застапува адвокат Додовски и да поднесе барање или изземање на доказите од процесот, за кој сè уште не се води истрга во предистражна постапка. Но, ова воопшто не влијае на идните позиционирања на специјалниот јавен обвинител, преку кој ќе се испорачаат првите пораки за реформи кон независно правосудство – вели Заев.

Тој додаде дека со специјалниот јавен обвинител и понатаму „Вистината за Македонија“ ќе се споделува во јавноста. На оваа институција ќе ѝ бидат предадени сите материјали за кои ќе разговараат и членовите на анкетната комисија.

Зоран Заев при денешната обиколка на Тетово, посетувајќи го руинираниот спортски центар и разговарајќи со жителите од повеќе тетовски населби, се запозна со актуелните проблеми на градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...