fbpx

Заев: Опозицијата ја игра својата улога – коректив на власта

-

Македонија се наоѓа во сериозна политичка ситуација, вели Зоран Заев, лидерот на СДСМ во интервју за бугарската новинска агенција „Фокус“.

– Македонија моментално се наоѓа во напната и шокантна ситуација што, конечно, ќе ја донесе државата на вистинскиот пат. Опозицијата ја игра својата улога на коректив на власта, но за да си ја спасат својата кожа, тие почнаа да апсат луѓе. Ми го зедоа пасошот, како лидер на опозицијата, но не можат да избегаат од вистината. Ние почнавме со проектот „Вистината за Македонија“ со единствена цел – да ги вратиме демократијата и eвропските вредности во нашата држава – изјавил Заев за агенцијата.

Иако власта вели дека прислушувањето го извеле странски служби, опозицијата не се согласува.

– Само нашите власти можат повеќе од четири години да прислушуваат 20.000 граѓани. Целиот процес бил реализиран од телекомуникациските оператори. Чистотата на снимките од телефонските разговори го потврдува ова – рекол Заев.

Тој најави дека ќе објават снимки и за случајот „Монструм“, во кој кај Смилковско Езеро беа убиени четири деца и еден возрасен човек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...