fbpx

Заев одлучи да оди во Брисел

-

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, заедно со Радмила Шекеринска и Рената Дескоска, ќе присуствуваат на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

„Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори во 2014 година во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес, за кои е потребно итно да се спроведат препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање влада што ќе ги подготви и ќе ги спроведе следните избори, го цениме за силна потврда на позициите на еврокомесарот Хан искажани во телефонскиот разговор со претседателот Заев и преку писменото соопштение од Европската комисија. Очекуваме принципиелни разговори поставени на рамноправна основа“, пишува во соопштението на СДСМ.

Во соопштението пишува дека искажаните заложби на еврокомесарот Хан за отворање на суштинското прашање, организрање влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за почеток на можни преговори за решавање на политичката криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...