fbpx

Заев од Тетово: Ние сме за обединето општество, а Груевски нека измислува федерализации

-

Никола Груевски заминува во историјата, а ние ќе ја изградиме повторно Македонија, која ВМРО-ДПМНЕ ја разнебити во изминативе 10 години. Ова го порача носителот на листата за пратеници во шестата изборна единица од СДСМ, Петре Шилегов, на вечерашниот митинг кој се одржа во Тетово.

– Единствениот кој заговара федерализација е Никола Груевски. Нашата партија има цел да ја обедини Македонија, од неа да направи едно општество. По 11 декември ние знаеме по кој пат да тргнеме, тоа е патот на развојот. Ние ќе ја изградиме Македонија како држава на сите граѓани, без разлика на вера и на нација, младите да не ни заминуваат оттука – изјави Шилегов.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој ќе биде идниот премиер на Македонија, затоа што неговите политички конкуренти немаат план за живот во Македонија, а тоа, како што рече, народот добро го знае.

– Груевски и фамилијата ги изнесоа парите од Македонија на рајските острови и тие веќе немаат план за Македонија. Затоа и прават филмови, но да ги оставиме нека прават филмови, а ние да се насочиме кон животот. Тие нека прават филмови за федерализација. Ма каква федерализација, какви кантони, какви бакрачи. Ние ќе се залагаме за едно – обединето општество, за Македонија со добрососедски односи – изјави Заев.

На митингот на СДСМ кој се одржа на булеварот Маршал Тито во Тетово се обрати и вториот на листата пратеници од шестата изборна единица од СДСМ, Ѓулимсер Касапи.

– ВМРО ДПМНЕ во изминативе години на владеење, цело време ги злоупотребуваа верските и етничките разлики во државата, за да создава раздор кај народот за лично богатење, тоа мора да го запреме – изјави Касапи.

Претходно вечерва СДСМ одржа митинг во Гостивар од каде лидерот на партијата, Заев испрати порака до сите граѓани на Македонија од сите националности, дека заеднички ќе ја градат државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...