This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 24 22:25:34 2017 / +0000 GMT

Заев од Софија: Договорот за добрососедство ќе го потпишеме на Илинден во Македонија




Премиерот на Македонија, Зоран Заев, и неговиот домаќин, бугарскиот премиер Бојко Борисов, денеска во Софија разговарале за приближувањето на ставовите на двете земји околу договорот за добрососедство, кој како што изјавил Заев по средбата, ќе биде потпишан на 2 август, односно на празникот Илинден, кој заеднички ќе биде чествуван во Македонија, пренесува бугарската агенција БГНЕС.

- Разговаравме за приближувањето на ставовите на двете земји во врска со договорот за добрососедство, останува уште многу малку и заедно ќе го чествуваме Илинден во Македонија на 2 август. Се договоривме тогаш да го потпишеме договорот за меѓусебно разбирање. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред спомениците на нашата заедничка историја. Првпат тоа ќе го направиме денеска, кога ние ќе се поклониме пред споменикот на цар Самоил во Софија - изјавил Заев.

Македонскиот премиер истакнал дека на средбата со Борисов било договорено градоначалниците на Софија и на Скопје да именуваат по една улица по имињата на покојните претседатели на двете земји, односно во Скопје да има улица што ќе го носи името на Жељу Желев, а во Софија - на Борис Трајковски.

Заев на прес-конференцијата по средбата со Борисов, нагласил дека „нашиот прв сосед има огромна желба да ѝ помогне на Македонија за интеграцијата во НАТО и во Европската Унија и дека на состанокот било разговарано за помошта и за поддршката што Бугарија може да ѝ ја даде на Македонија во процесот на интеграциите.

- Денеска Македонија затвора едно поглавје на национализам и отвора друго на европската иднина. Ние имаме потреба од помош и од поддршка и Бугарија тоа го прави - рекол Заев.

Тој додал дека Бугарија е на врвот по искористеноста на ЕУ-фондовите и дека ова искуство на истичниот сосед ќе биде од голема корист за Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

- Побаравме да ни помогне со своето искуство во оваа сфера. Искуството што го има Бугарија ќе биде од голема корист за нашите перспективи, за солидарноста во европското семејство. Посакуваме да отвориме преговори со Европската Унија и сакаме да станеме членка на НАТО. Приј