fbpx

Заев од Куманово: Вечерва ќе се одлучува за идната стратегија на СДСМ

-

Лиерот на опозицијата, Зоран Заев, заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, ги посети куќите од Диво Насеље каде викендов се водеа борби помеѓу полицијата и терористичката група.

Претседателот на СДСМ беше пречекан со овации, а народот го поздравуваше со аплауз.

Заев рече дека дошол да го посети местото каде викендов се случуваа немилите настани и порача никогаш да не се повтори. Полициските сили, според него, професионално си ја завршија работата и биле крајно вниматели со народот.

На новинарско прашање за заклучоците од Советот на безбедност, Заев рече дека не било кажано ништо повеќе од тоа што е соопштено на јавноста. Тој рече дека „за една работа било излажано на Советот“, но не сакаше да го сподели тоа со јавноста.

– Според информациите што беа пласирани, полицијата осум месеци ја следела групата и имала информации за неа. Надлежните можеле да постапат поинаку и да спречат да не дојде до ова сценарио. Претседателот воопшто не бил информиран за сериозноста на акцијата и поради тоа заминал во Москва. На прашањата кои ги поставив, не добив одговор, освен дека тоа МВР ќе го соопшти – изјави Заев.

Заев рече дека ќе продолжи со „бомбите“ и дека партиските органи ќе заседаваат вечерва и ќе донесат стратегија како ќе бидат објавувани. Целата подготовка за митингот в недела се одвива непречено и до утре ќе се знае сè и околу неговата стратегија. Тој обвини дека целата ситуација во државата се искористила за некој да влезе во земјавата и да направи инцидент, а власта била зафатена за останување на власт и не превенирала, а можела сето тоа да го спречи.

Тој побара оставки од надлежните и формирање преодна влада која ќе има цел да организира избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...