fbpx

Заев од Битола: Ниту сум велепредавник, ниту сум херој

-

Неколку стотици битолчани вечерва маршираа по Широк сокак откако 19. „бомба“ одекна во Битола, откривајќи го криминалот на локално ниво, изборните манипулации и местенките на лустраторите. Со битолчани маршираше лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој ѝ возврати на власта за обидот да го прогласи за велепредевник.

– Зоран Заев не е велепредавник. Зоран Заев ниту сака да биде прогласен за херој. Херои сте вие, почитуван народе. Вие заедно со нас застанавте на браникот на татковината кога тоа е потребно, кога нашиот политички опонент и непријател на државата, со сите инструменти и механизми се обидува до крај да ја дотолчи нашата држава. Ова веќе не е политичка битка помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ова е борба на целиот слободарски народ со врхушката на власта и во оваа битка сите заедно мораме да успееме – рече Заев пред битолчани.

Токму на овие зборови, на само неколку метри од бината на која зборуваше лидерот на опозицијата, некој се обиде да исценира инцидент. Се слушаа гласови „тепачка, тепачка“. Но, обезбедувањето на СДСМ ја смири ситуација. Остана нејасно дали инцидентот го направија членови или симпатизери на опозицијата или, пак, политички опоненти.

На маршот на опозицијата во Битола, вечерва маршираа неколку стотици битолчани, бурно се реагираше на секое споменување на името на Груевски и на неговите блиски соработници, особено на забелешката на Заев дека битолчани имаат интересен збор за човек кој се има изгубено во времето и во просторот. „Зборот е загоритенџере, таков е Никола Груевски“, рече тој.

Во контекст на обидот на власта Заев да биде прогласен за велепредавник, опозицискиот лидер рече дека Груевски ги втурнал во криминал една рака поддржувачи за поднесување кривична пријава за велепредавство против него. Но, како што рече, зошто Груевски или Јанкулоска не му поднесат кривична пријава.

– Ставањето потпис за велепредавство е истовремено доказ за лажно пријавување. Не слушајте го Груевски – рече Заев, продолжувајќи со рекапитулација за она што досега го направил Груевски со прислушувањето на граѓаните и за содржината на објавените „бомби“.

Остар говор против власта пред битолчани имаше и лидерот на ЛДП, Горан Милевски, кој најави беспоштедна битка со криминалот и тоа од првиот ден на доаѓањето на преодната влада во државата.

– Преодната влада на најкорумпираните ќе им го преиспита работењето и ќе мора да им го конфискува незаконски стекнатиот имот – рече Милевски.

Критикувајќи ја локалната власт во Битола, пак, рече дека дури и „битолскиот генијалец“, Владимир Талески, ќе биде испратен онаму каде што му е местото.

– Битола со преодната влада ќе добие в.д. градоначалник. Ќе го исправиме онаму каде што му е местото за да може подобро да го гледа кружниот тек – рече Милевски алудирајќи на затворот „Црн мост“ во Битола.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...