Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да се трага по него


       
Скопје, 13 ноември, 2018 - 9:38 (META) 

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.

-За акцијата немам сознанија, заради тоа што знам дека МВР од судот добило налог да распише потерница поради неможност да се најде осудено лице да му се даде упатен акт за отслужување на казна затвор. Јас очекувам дека господинот Груевски нема да си дозволи да има потраги по него или слично. Тоа е нормално, барем така тој зборуваше. Останатите информации ќе треба да ги барате од министерот Оливер Спасовски – рече Заев.