fbpx

Заев очекува раздвижување околу името, разговарал и со Иванов за процесот

-

Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на овој месец да се раздвижат работите околу напорите за решавање на спорот за името со Грција, за што, како што потврди, веќе било разговарано и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

– Останува надежта дека во вака силно изразени пријателски околности со соседите и со Грција имаме поголеми шанси да изнајадеме решение. Очекувам дека до крајот на овој месец ќе почнат да се раздвижуваат работите. На располагање сум за средби на премиерско ниво, министерот за надворешни работи е исто така подготвен. Веќе разговаравме со претседателот на државата, дека Македонија мора да биде подготвена за исчекор кон решавањето на ова прашање – изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конфренција во Владата.

Тој додаде оти се надева дека опозицијата, исто така, ќе биде вклучена максимално во процесот, но не со блокади, туку во функција да се направи сè за изнаоѓање на решение за овој, како што рече, горлив проблем кој што е кочница за Македонија во евроинтегративните процеси.

Прашан претходно околу иницијативата скопскиот аеродром наместо „Александар Велики“ да го носи името на поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, Заев рече дека му се допаѓа предлогот, но дека за тоа треба да се слушне и ќе се земе предвид и мислењето на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...