Заев очекува исчекор од денешните преговори за спорот за името во Виена


       
Скопје, 25 април, 2018 - 11:16 (META) 

Во Виена очекувам можност за исчекор во процесот на преговорите за спорот за името, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција во владата на која се презентираа мерките од оперативниот план за вработување.

Тој додаде дека креативноста на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕиас има поддршка од него, од грчкиот премиер Алексис Ципрас како и работните тимови кои што стојат зад нив.

Во однос на изјавата на Хан дека решението за спорот за името ќе биде за две недели, Заев ја толкува како знак на пријателство бидејќи и Хан сака овој проблем да се реши час поскоро.

– Решавањето на спорот со името е важно за регионот и Европа затоа што се испраќа добра порака за иднината бидејќи вака горливи прашања кои што траат повеќе од 20 години можат да бидат решени низ дијалог – изјави Заев.