fbpx

Заев – Нуланд: На следните избори мора да победи слободната волја на граѓаните

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со делегација од партијата, се сретна со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, и со амбасадорот на САД, Џес Белји.

На средбата се разговарало за политичката криза во Македонија и за начините за нејзино решавање.

„Заеднички е констатирано дека мора да се обезбеди прочистен, доверлив избирачки список и објективно известување на медиумите и дека со исполнување на овие услови се создава можност за одржување на предвремените парламентарни избори во текот на ноември. На средбата беше истакнато дека е неопходно формирање влада што ќе организира и ќе спроведе регуларни избори на коишто ќе одлучи слободната волја на граѓаните, како и дека без разлика на промените што ги прави власта во Законот за внатрешни работи, Владата мора да биде формирана согласно сите аспекти на Договорот од Пржино“, информираат од СДСМ.

Во соопштението на партијата пишува и дека Заев порачал дека брзи фер избори ќе ја спасат Македонија од економското и од финансиско тонење и од недемократскиот начин на владеење што им штети на евроатланските перспективи.

„Власта со намерата за ново големо задолжување преку издавање еврообврзница, со законот за владино рекламирање, со законот за МВР, нанесува дополнителни огромни штети на интересите на граѓаните на Македонија“, рече Заев.

На средбата, исто така, била нагласена потребата од целосна независност на Специјалното јавно обвинителство, како и од професионална соработка на судството и на МВР со СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...