fbpx

Заев: Никој не ја блокира владината реконструкција

-

Ниту една политичка партија не ја блокира реконструкцијата на Владата, вели премиерот Заев, според кого, сите сакаат соработка. Премиерот потврди дека вчера имал средба со двете крила на БЕСА и ДПА предводена од Мендух Тачи.

-Денеска ќе има дополнителна комуникација. Сакам овие денови да привршуваме со оваа тема. Сите се со очекување на предлозите кои произлегуваат од мене, како премиер. Согласно тоа, потоа ќе се изјаснат и политичките партии. Ако успееме да ги номинираме самите предлози за преземање на одговорноста во одредени ресори, јавни институции и слично, на политичките партии ќе им требаат неколку денови да донесат одлуки на свои органи и тела. Се надевам дека ако не со сите партии, со дел од партиите ќе успееме. Немаме опструкции од никој – рече Заев.

Тој вели дека генерално позитивни се ставовите на коалиционите партнери во Владата, а целта е зголемување на парламентарното мнозинство.

Во однос на средбите меѓу Димитров и Коѕијас, премиерот Заев вели дека секоја средба е нова креативност во функција на доближување на разликите кои ги има меѓу Македонија и Грција.

-Некогаш тоа е со големи, некогаш со микро чекори за отстранување на разликите кои постојат. Се надевам дека секогаш со секоја средба, ќе се помогне во тој правец – вели Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...