fbpx

Заев: Не сме стигнале, со Грција да разговараме за ново име

-

Прашањето за случајот „Диво Насеље“ не треба да биде пречка во односите помеѓу Македонија и Косово, оцениле по средбата во Приштина, премиерот Зоран Заев и неговиот колега Рамуш Харадинај. Заев, на заедничката прес-конференција, додал дека, за овој случај ќе има меѓународна истрага, за да се дојде до вистината.

Во врска со денешните разговори за името во Брисел, помеѓу посредникот од Обединетите Нации за името, Метју Нимиц, и македонскиот и грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, Заев рече дека се надева дека „со посредништво на Нимиц, ќе биде потврдена заедничката желба на двете стани за изнаоѓање на решение“.

– Не сме стигнале до тоа, да разговараме за нови имиња. Се надевам дека состанокот ќе заврши во позитивна атмосфера за да можеме понатаму да очекуваме разработка на можни решенија на овој проблем – одговори Заев на новинарско прашање.

Заев и владината делегација денеска имаа билатерална средба со Харадинај, и со министри во неговата влада. Двете делегации се согласиле дека, постои интерес за продлабочување на соработката во областа на енергетиката. Оцениле дека, Косово има големи резерви на јаглен, а Македонија има можности и потенцијали да учествува во гасификацијата на Косово.

– Се согласивме дека е неопходно да ја подобриме инфраструктурата која не поврзува. Од наша страна, изразивме подготвеност да продолжиме со изградбата на делницата на автопатот Блаце-Скопје – рече Заев.

Заев денеска ќе се сретне и со косовскиот претседател Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...