fbpx

Заев во Загреб не се сретнал со Орбан

-

Премиерот Зоран Заев учествува на Самитот на шефовите на влади на земјите членки на Централно-европската иницијатива во Загреб.

Тој го оцени овој настан како добра можност за Македонија да го повтори своето очекување за поддршка од земјите пријатели, за членство на нашата држава во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

– Ја побаравме поддршката од земјите членки за процесите во ЕУ и во НАТО. Македонија се истакнува во позитивно светло во градењето пријателство, добрососедските односи, реформите и очекувањата се дека преку Македонија ќе продолжи проширувањето – рече Заев.

На новинарско прашање, дали имал средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера присуствувал на вечерата што ја организирал хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ со присутните шефови на делегациите на Самитот, Заев изјавил дека такво нешто немало.

– Во следна прилика ќе го искажеме очекувањето за одговор на барањето екстрадиција за Никола Груевски, бидејќи тој според меѓународните конвенции и законите мора да ја отслужи својата казна во Македонија – изјавил Заев.

На прашања од регионалните медиуми за очекувањето за членство на Македонија во НАТО, премиерот  изјавил дека „Македонија свети на Балканот“, дека со реформите и со Договорот од Преспа е отворен патот и дека Македонија ќе биде следната 30. земја членка на НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...