fbpx

Заев: Не сакам да коментирам судски одлуки

-

Целта на средбата кај претседателот Иванов беше нормализација на политичките процеси во државата затоа што имаше реакција од страна на граѓаните поради постапките предводени од обвинителството и од судовите, поврзани со настаните од 27 април годинава, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Не би сакал да ги коментирам судските одлуки. Јас се посветувам на политичкиот аспект затоа што сум политичар и верувам дека во Македонија владеење на правото мора да има, но истовремено мораме сите да бидеме внимателни заради перспективите на државата. Македонија е исправена пред сериозни процеси и реформи, но верувам дека ќе најдеме решение преку разговор со политичките субјекти – рече Заев.

Премиерот истакна дека на средбата се разговарало отворено и дека средбите ќе продолжат. Тој нагласи дека во постапките не очекува ништо повеќе ниту ништо помалку од почитување на Уставот и на законите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...