fbpx

Заев: Не паѓа само дожд во Македонија, паѓа и Никола Груевски

-

„Цел ден паѓа дожд, но запре за нашиот митинг. Но, не паѓа само дожд во Македонија, паѓа и Никола Груевски. Паѓа ВМРО-ДПМНЕ на ниво на цела Македонија, а со неа и Никола Груевски. Ќе падне и во Кочани на 15 октомври, заедно со неговиот Ратко“. Ова вечерва на митингот во Кочани го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ се осврна на испразнетиот буџет кој зад себе го оставила претходната влада, но и за ветените и исполнети ветувања на актуелната централна власт, како што е укинувањето на радиодифузната такса, на екстерното тестирање, поевтината струја и зголемувањето на минималната плата. Се осврна и на реформите во образованието, како и на новите можности за вработување младите преку проектот „Младинска гаранција“, кој треба да придонесе за задржување на младите во Македонија. Заев рече дека актуелниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, изјавил дека не сакал трет мандат, но бил принуден од партијата. Од тие причини, Заев ги повика граѓаните да му помогнат на градоначалникот да си замине и притоа додаде дека наслушнал оти и така ќе има полни раце работа со судството.

Тој во својот говор рече дека нивните анкети покажале дека Николчо Илиев е најпосакуван кандидат од сите кандидати за градоначалници во цела Македонија и дека тој и предложените советници од СДСМ ги знаат проблемите на општината.

Кандидатот за градоначалник на општина Кочани од редовите на СДСМ, Николчо Илиев, вети подобар живот со намалување на трошоците на граѓаните и на фирмите преку гасификација, повисоки плати, задржување на младите во Македонија, субвенции за земјоделците, инфраструктура во градот и во околните села, како и сообраќајни решенија за Кочани. Тој рече дека Општината ќе одвојува повеќе пари за спортот, поголема соработка со младите, отворање на градинки и грижа за пензионерите.

– Животот може да биде подобар. Доста со користољубие и со себељубие. Доста со нееднаквиот пристап. Доста со притисоци и со мобинг. Да ставиме крај на своеволното трошење пари собрани од сите нас. Да се ослободиме од партиските стеги – порача Илиев, додавајќи дека сега е вистинскиот момент за промени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...