fbpx

Заев не ја коментира оставката на Груевски, бара силна опозиција за поодговорна власт

-

Не сакам да си дозволам да коментирам работи на нашиот прв политички опонент и уште еднаш ќе повторам – силна опозиција ќе направи власта да биде поодговорна, потранспарентна, поотчетна и попосветена на граѓаните, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за најавената оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Tоа се внатрешни процеси, кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството ќе си ги дефинираат како што тие сметаат дека е најдобро – рече Заев денеска во Владата, каде што се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Во однос на изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, дека ставот на партијата за поддршка на владините реформи за планот „3-6-9“ е променет поради политички реваншизам, Заев побара „опозицијата да биде конструктивен и критичен фактор во процесот на реформите за унапредување на законодавството во Македонија и сето она што е важно за граѓаните“.

Тој додаде дека без правна држава, нема реформи и ако законот не е еднаков за сите, тогаш е бесполезно да постои само дебата. Апелираше да се почитува презумпцијата на невиност.

– Потребна е казна за секој што згрешил пред законот, но апелирам да се почитува презумпцијата на невиност. Притворот се претвори во казна во Македонија во последните 12 години. Не би сакал тоа да се случува во државата. Навистина, таа мерка треба да се користи само тогаш кога е тоа неопходно, а секогаш да се користат олеснителните мерки во процесот на истрага  – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...