fbpx

Заев не ја губи надежта дека Груевски ќе биде испорачан

-

„Не знам во кој свет одредени луѓе се’ уште живеат, а така ќе го прашам и претседателот Иванов. Каде во светот извршната власт апси, власта извршна истражува, власта извршна прави обвинителни акти…?! Тоа е работа на обвинителството и судството – праша премиерот Зоран Заев на прашањето да ја искоментира констатацијата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека „ништо чудно и да биде уапсен“, со оглед на тоа како се однесува власта во последно време.

По завршувањето на јавната дебата за уставните измени во Штип, Заев ги коментираше изјавите од соседството врзани за јазикот, атмосферата во Грција, како и коментарите на Иванов.

По искажаниот скептицизам на еврокомесарот Јоханес Хан, дека Никола Груевски може да биде испорачан на Македонија, премиерот кажа дека не ја губи надежта.

– Јас продолжувам да правам напори како претседател на Владата заедно со институциите, да настојуваме негово испорачување, затоа што тоа е минимум што може да очекуваме од пријателска земја, како што е Унгарија, земја членка на ЕУ – кажа Заев.

Во текот на дебата премиерот Заев беше прашан од присутните граѓани да го каже ставот за изјавите на двајцата министри во бугарската влада, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева.

Заев смета дека треба да се продолжи градењето доверба со соседот.

Професорот Ѓорѓи Спасов вели дека ова е реакција на Каракачанов, кој се плаши дека со влезот на Македонија во ЕУ, може да остане без парите од продажбата на бугарските пасоши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...