fbpx

Заев: Не е прифатлива широка коалиција со Груевски, тој треба да се подготви за опозиција

-

Никола Груевски треба да биде подготвен да премине во опозиција и да се случи демократско предавање на власта затоа што зад нас стојат 67 пратеници, односно 700.000 гласови, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Ал Џезеира Балканс“.

– Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансиски криминал, најголем во поновата историја на Македонија, да биде решение за кризата – истакна Заев.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија би го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

– Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и со докази за криминалот направен во негово време, но тоа е работа на независните институции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со сопирањето на процесите ја турка Македонија во немило сценарио. Време е по 10 години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја. Остануваме во институциите, треба да се формира нова влада и ВМРО-ДПМНЕ треба да оди во опозиција. Да се зборува дека Македонија ќе биде уништена затоа што тој нема да е на власт, тоа е далеку од здрав разум – рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека немило сценарио веќе два месеци „виси“ над Македонија, но дека за конфликт се потребни двајца и дека нема да дозволат судир на народ со народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...