This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Sep 23 5:41:33 2017 / +0000 GMT

Заев: Не е прифатлива широка коалиција со Груевски, тој треба да се подготви за опозиција




Никола Груевски треба да биде подготвен да премине во опозиција и да се случи демократско предавање на власта затоа што зад нас стојат 67 пратеници, односно 700.000 гласови, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за YouTube Video: YouTube.com/watch?v=9JQIerO4aps

;feature=share" target="_blank">„Ал Џезеира Балканс“.

- Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансиски криминал, најголем во поновата историја на Македонија, да биде решение за кризата - истакна Заев.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија би го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

- Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и со докази за криминалот направен во негово време, но тоа е работа на независните институции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со сопирањето на процесите ја турка Македонија во немило сценарио. Време е по 10 години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја. Остануваме во институциите, треба да се формира нова влада и ВМРО-ДПМНЕ треба да оди во опозиција. Да се зборува дека Македонија ќе биде уништена затоа што тој нема да е на власт, тоа е далеку од здрав разум - рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека немило сценарио веќе два месеци „виси“ над Македонија, но дека за конфликт се потребни двајца и дека нема да дозволат судир на народ со народ.

Post date: 2017-03-20 19:32:37
Post date GMT: 2017-03-20 18:32:37
Post modified date: 2017-03-20 21:01:40
Post modified date GMT: 2017-03-20 20:01:40