fbpx

Заев најави поврат на ДДВ до 15 проценти за граѓаните од 1 јули 2019

-

Премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју за „24 вести“ , во однос на економијата рече дека очекува 2019 да биде економска година за Македонија.

Неговите проценки се дека домашниот бруто-производ (БДП) ќе расте во последните два квартала и очекува да продолжи да расте до најавените пет проценти до крајот на мандатот. Оптимизмот го правда со отворените интеграции и регионалната соработка.

Заев посочи на зголемена трговска размена со Грција за 17 проценти после Договорот од Преспа. Рече дека 2,5 пати е пораснат интензитетот на повратот на ДДВ, дека се спроведува правична казнена политика, без рекет и закани и притисоци како порано.

Тој најави поврат на ДДВ до 15 проценти за граѓаните, од 1 јули 2019 година, како и услови за намалување на каматните стапки кај банките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...