fbpx

Заев најави интензивирање на протестите

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција уште еднаш порача дека избори на 5 јуни нема да се одржат бидејќи, како што посочи, услови за фер, слободни и регуларни избори нема.

– Во земјата е извршен државен удар, урнат е Уставот, погазени се законите, Договорот од Пржино е погребан, а техничката влада ја укинаа со поништување на сите одлуки на министрите на опозицијата. Никола Груевски и останатата корумпирана и криминална група прават сè во обид да се заштитат од одговорноста за криминалот и за корупцијата во изминатите години. Затоа се кријат зад лажниот патриотизам, измислувајќи непријатели таму каде што ги нема, блокирајќи ги ЕУ-интеграциите, а уривајќи ги односите со меѓународната заедница, ја носат Македонија во изолација – рече Заев. Тој додаде дека денешното обраќање на Иванов или, како што го нарече, „заштитникот на злосторничкото здружување“, потврдило дека тој ниту еден ден повеќе не треба да остане на позицијата на која што е поставен по криминалните избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев истакна дека претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, се дрзнал да распише избори без да праша во ДИК дали има услови за фер и демократски избори.

Лидерот на опозицијата најави интензивирање на протестите и апелираше на масовно, но ненасилно учество во нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...