fbpx

Заев на ЦО на СДСМ: Oчекувам наскоро да влеземе во преговори за новата влада

-

Очекувам наскоро да влеземе во преговори за формирање на новата влада, соопштил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на седница на централниот одбор на партијата вечерва.

Како што соопшти СДСМ, централниот одбор едногласно ги поздравил чекорите и политиките на партискиот претседател, на раководството на партијата и на пратеничката група на СДСМ и коалицијата „што резултираат со отворена можност за формирање на новата влада на Република Македонија“.

Заев на вечерашната седница, нагласувајќи дека наскоро може да почнат преговорите за новата влада, порачал и дека приоритет мора да останат интересите на граѓаните и на државата, а новата влада ќе раководи со унитарна Македонија.

– Многу скоро, очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата влада. По 11 години режим, СДСМ ја доби честа и одговорноста од граѓаните да ја предводи новата демократска, реформска влада на заедничка, унитарна, европска Република Македонија, којашто ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани. Наш приоритет остануваат граѓанските и државните интереси, ве повикувам да ја продолжиме сериозната посветеност кон овие клучни цели – нагласил Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...