fbpx

Заев: На Триумфална капија ќе поставиме бројчаник кој ќе покажува колку украдени пари се вратени

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во емисијата „Нова дебата“ на „Нова ТВ“ најави дека кога СДСМ ќе дојде на власт, ќе постави бројчаник на Триумфалната капија и секогаш кога Агенцијата за запленет имот ќе продаде некој имот, бројчаникот ќе покажува колку украдени пари се вратени.

Според него, не постои шанса по изборите да се направи широка коалиција.

– Точно е дека некои работи треба да се договараат со консензус, но тоа не значи широка влада. Проблемот со името треба сите политички партии да го решаваат, но за тоа не ви треба заедничка влада. Силна опозиција и демократско однесување на владата се решение за секој проблем, па и за името. Ние верувавме дека треба да се направи еден чекор охрабрување. Членство во НАТО е огромно охрабрување за инвеститори. Преговори со Европската унија, поглавјата 23 и 24 – тоа значи нормализирање на државата. Меѓународната заедница е убедена дека Груевски уште 20 години да е на власт, нема да го реши проблемот со името. Неговото националистичко однесување го донесе до тоа и за него нема враќање. Ако е Груевски утре во опозицијата, ние ќе ги повикаме и ќе ги информираме за сè. Транспарентно и јавно ќе го отвориме прашањето и ќе изградиме стратегија за понатамошните прашања – рече Заев.

Лидерот на опозицијата рече и дека нови, вистински работни места и тоа во приватниот сектор ќе помогнат да се  реши катастрофалната состојба во пензискиот и во Фондот за здравство.

– Состојбата во ПИОМ е катастрофална. Но, пари има за да се реши овој проблем. Тоа се нови работни места кои ќе генерираат финансиски средства и тоа ќе овозможи да се полнат и двата фондови. Доколку беа успешни инвестициите на Владата, немаше да го има ова – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...