fbpx

Заев на средбата со Бејли: Демократските процеси веќе никој не може да ги спречи

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбсадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на која претседателот на опозициската партија, меѓу другото, истакнал дека на изборите на 11 декември, граѓаните се определиле за добар живот, за слобода и за демократија, а тоа што граѓаните не подлегнале на манипулациите и на провокациите изминатите денови е потврда дека општеството е зрело за промени.

„Мнозинството граѓани во Македонија избраа промени на парламентарните избори… Мнозинската волја на граѓаните мора да биде почитувана. Република Македонија ќе добие влада што ќе работи во интерес на сите граѓани на Македонија. Деновите што престојат ќе покажат дека почнатите демократски процеси во Македонија веќе никој не може да ги спречи“, рекол Заев на средбата со Бејли, на која присуствувале и заменик-претседателката и генералниот секретар на партијата, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.

Амбасадорот на САД, во петокот минатата недела, имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на која било разговарано за резултатите од предвремените парламентарни избори, очекувањата од новите парламент и влада, за работата на Државната изборна комисија, како и за говорот на омраза и за реториката на протестите пред ДИК.

Истата вечер Груевски имаше средби и со евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар, и со норвешкиот амбасадор, Анре Санес Бјорнстад.

По средбите, партијата излезе со соопштенија во кои доминираше острата реторика кон амбасадорите. Следниот ден, на протестот пред ДИК, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, соопшти дека заседавал извршниот комитет на партијата, на кој, меѓу другото, било заклучено дека „некои амбасадори почнале премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата“ и дека мора да престнат да го прават тоа, како и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ „нема да учествува на состаноци и на преговори во кои учествуваат амбасадори или други странски претставници“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 илјади гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...