fbpx

Заев на средба со ДИК: Сите институции се должни да соработуваат за референдумот

-

Референдумот е обврска од важен државен карактер. Сите институции се должни да соработуваат со Државната изборна комисија (ДИК). И Владата стои на располагање, на принципиелно ниво, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на ДИК и тоа ќе го направиме, рече денеска премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на ДИК Оливер Дерковски и членовите на Државната изборна комисија.

Заев порача дека сите имаат одговорност професионално да одговорат на своите должности.

– Верувам дека секој ја знае својата професионална и човечка одговорност за овој важен процес. Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата – изјави Заев.

Дерковски и членовите на ДИК посочија дека работат професионално, штедливо и домаќински, како и дека ќе продолжат во таа насока, за достоинствено да одговорат на законските обврски пред граѓаните.

Како што информира владината прес-служба, на средбата е заеднички нагласена важноста од професионално и транспарентно работење на Државната изборна комисија пред и на денот на престојниот референдум, со цел доверба на сите граѓани и политички субјекти во процесот.

На средбата се разговарало и за медиумската кампања поврзана со референдумот, за потребата од почитување на законските одредби поврзани со кампањата, како и за финансиските средства што му се потребни на Собранието за нејзино спроведување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...