fbpx

Заев на проштална средба со Бејли: Договорот од Преспа е огромен исчекор

-

Премиерот Зоран Заев вчера во проштална посета  го примил амбасадорот на САД во заминување, Џес Бејли, а на средбата и двајцата соговорници како најважното постигање во Македонија во текот на мандатот на Бејли го одбележале разрешувањето на спорот со Грција.

Заев се заблагодарил на амбасадорот за активната поддршка на напорите за движење кон НАТО и ЕУ, додека Бејли истакнал дека му е особено драго што за време на неговиот мандат, со решавање на спорот со Грција и со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија направила историски исчекор.

На средбата Заев на Бејли му подарил фотографија со посвета од една од нивните претходни средби, информираат од Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...