This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Nov 23 12:47:41 2017 / +0000 GMT

Заев: На идните генерации треба да им дадеме причини за да го слават нашиот патриотизам




Нашиот патриотизам идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа, истакна премиерот Зоран Заев во својот говор на централниот настан од одбележувањето на 11 Октомври - Денот на народното востание, кој се одржа пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во дворот на Владата.

- Празнувањето на големите датуми и оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Македонија е само мал дел од нашата должност кон достојното минато - рече Заев, нагласувајќи дека патриотизмот не завршува тука.

Тој додаде дека патриотизмот идните генерации ќе го слават само ако им се дадат повеќе причини за тоа, како што тоа го направила генерацијата на партизаните од антифашистичката и народноослободителната борба.

- Пред 76 години нашите сограѓани во Прилеп и во Куманово се одважија и презедоа акции со кои го означија почетокот на востанието на македонскиот народ и на сите други граѓани во Македонија против фашистичкиот окупатор и почетокот на завршните процеси во впишувањето на македонската држава на мапата на народите во светот - рече Заев.

Покрај владина делегација, пред Споменикот на ослободителите на град Скопје, свежо цвеќе положија и делегација на

Собранието предводена од пратениците Јулиана Николова и Диме Велковски, на Армијата на Република Македонија, предводена од заменик-началникот на Генералштабот, генерал-мајор Мухамет Рацај, на Сојузот на борците предводена од Никола Стојановски и други делегации на државниот и на дипломатскиот кор.

Post date: 2017-10-11 13:43:54
Post date GMT: 2017-10-11 11:43:54
Post modified date: 2017-10-11 15:56:36
Post modified date GMT: 2017-10-11 13:56:36

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com