fbpx

Заев: На денот на гласањето ќе се знае дали има мнозинство за уставните измени

-

Премиерот Зоран Заев е оптимист дека ќе се обезбеди потребното мнозинство во парламентот за гласање на уставните измени, но вели дека бројката на пратеници ќе се знае на денот на гласањето.

-Конечниот број ќе го видиме на денот на гласањето. Седницата е закажана за 9 јануари, а според најавите за неприсуство на опозицијата, очекувам дека расправата би траела два-три дена. Чинот на гласањето ќе го покаже резултатот од дебатата, усвојувањето на амандманите, забелешките, вербата. Разговорите со политичките партии продолжуваат, утре имам средба со Билал Касами од БЕСА и драго ми е што албанските партии од опозицискиот блок како БЕСА и Алијанса на Албанците недвојбено поддржуваат за влез на НАТО и ЕУ – одговори Заев на новинарско прашање дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за уставни измени, на денешната прес-конференција во Министерство за финансии.

За ратификација на Договорот од Преспа од грчка страна, Заев рече дека му верува на зборот на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство за ратификација како на Договорот така и на протоколот за влез во НАТО.

– Нова Демократија не е против членството на Македонија во НАТО. Потребни се 300 пратеници во грчкиот парламент за да гласаат за ратификација на протоколот- додаде Заев

Околу писмото на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столетенберг, Заев на него гледа како охрабрување кон двете држави за значењето за вредноста на договорот. Единствено нешто за кое што не се согласува со Столтенберг е процесот да се заврши кон средината или крајот на февруари.

– Зошто би чекале кон средината или крајот на февруари? НАТО може да го достави протоколот за ратификација во грчкиот парламент и кон крајот на јануари или почетокот на февруари – рече Заев.

Во однос на предвремените парламентарни избори, вели дека лично е против, но не се прашува само тој, туку и партијата и другите чинители.

– Кон крајот на јануари во СДСМ ќе се отвори дебата за предвремени парламентарни избори, но и во партиите на коалиционите партнери. Сега е време кога ќе треба да се соберат економските плодови од вложувањата во ЕУ-интеграциите, од сите одлуки. Ако Договорот од Преспа успее во Македонија и Грција, тоа ќе биде ветер во грб за економијата. Ако се оди на предвремени избори тоа се седум месеци изгубено време, во кое се застанува. Доколку ги прашате во партија, ќе кажат дека сега е најпогодно време за избори. Но, партијата има тела, треба да се слушнат и аргументите од другата страна- рече Заев.

На новинарско прашање за бегството на Никола Груевски и за политичката одговорност, Заев рече да се почека да заврши истрагата од Јавно обвинителство, за извршната власт да не се истрчува со детали, пред истата да заврши.

– Тогаш кога Јавно обвинителство ќе даде „пас“ со истрагата, тогаш како извршна власт ќе излеземе во јавноста и доколку се утврди одговорност, ќе ја понесеме јас, министерот или кој ќе се утврди со истрагата. Уште еднаш повторувам дека таен договор за бегството немало – рече Заев и додаде дека политиката не влијае на процесите на СЈО и на Јавно обвинителство и дека мерките на Михајло Маневски од некое минато време биле проблематични и дека како политичари внимателно ги носеле одлуките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...